Демонстрантите во Турција го штитат паркот со жив ѕид

 

Најмалку две лица се повредени денеска во операцијата на полицијата на истанбулскиот плоштад Таксим.

Демонстрантите формираа жив ѕид, за да и попречат на полицијата да влезе во околниот парк Гези.

Неколку стотици полицајци од силите за брза реакција беа доведени на плоштадот со дваесет автобуси. Во реонот се чувствуваат тензии. Градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу, меѓутоа, изјави дека целта на операцијата е да се симнат плакатите од културниот центар Ататурк и од споменикот на Ататурк на плоштадот.

Првично, полицијата и демонстрантите успеаја да се договорат дека силите на редот нема да влегуваат во територијата на паркот. Подоцна, меѓутоа, се развија судири, кои се пренесоа и во соседните улици.

 

најчитано сега