Од недела нов возен ред на МЖ Транспорт
Возовите на Македонски железници Транспорт од задутре ќе сообраќаат по нов возен ред.
Кон Белград ќе сообраќаат два пара возови. Утринскиот од Скопје ќе тргнува во 8:20 часот, а вечерниот во 22:14 часот. Од Белград возовите за Скопје ќе тргнуваат во 7:45, односно во 18:50 часот.
Возот за Солун ќе тргнува во 4:45 часот наутро, а во Солун ќе пристигне во 10:07 часот (грчко сметање на времето). Од Солун возот за Скопје тргнува во 18:30 (грчко сметање на времето) и во Скопје ќе пристигне во 21:45 часот.
Утринскиот воз од Приштина за Скопје тргнува во 7:10 часот, а од Скопје за Приштина во 16:20 часот. Во внатрешниот железнички сообраќај од Скопје до Битола ќе сообраќаат 4 пара возови, до Гевгелија три пара возови, до Кичево два пара и до Кочани 1 пар возови. Велешани до Скопје и обратно ќе се возат со 11 пара возови.
Новиот возен ред ќе важи до 12 декември следната година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа