Загина работник во „Железара“

Утринава околу 11 часот, во фабриката „Железара“ загинал 58 годишен работник, објавува Канал 5.

Според информациите на Канал 5, 58 годишниот човек се повредил додека работел на преса. Тој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде за жал, им подлегнал на повредите.

ПОлицијата врши увид на местото на несреќата. Сеуште не е познат идентитетот на загинатиот работник.

 

најчитано сега