ФОТО: Македонската литература преведена на шест странски јазици

 

Македонските поезија, драма, есеј, расказ и роман отсега ќе може да се читаат на руски, шпански, француски, кинески,  германски и арапски јазик. Првите десет изданија од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“ беа промовирани денес.

- Со ваквиот превод на голем број љубители на литературата и книжевноста надвор од Република Македонија им ја доближуваме напата култура и богатото литературно творештво. Еден цел серијал од жанрови и дела од сите генерации на македонски творци преку овој проект ќе станат достапни за граѓаните од многу држави и од повеќе јазични подрачја. Со тоа уште еднаш ја покажуваме нашата посветеност за валоризација на нашата литературна мисла и нејзината афирмација на светската литературна сцена, нагласи премиерот Никола Груевски кој денес присуствуваше на првата промоција од овој проект.

 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“ го продолжува ефектот на афирмација и достапност на македонската литература во светот.

-На овој начин ја потврдуваме нашата долговечност како култура која знае да ги почитува и да ги негува високите литературни дострели на генерациите македонски автори создавани во минатот и денеска. Антологискат едиција на делата од македонската книжевност која содржи 48 книги и која ќе биде преведена на француски, германски, шпански, руски, кинески и арапски јазик ќе му ги соопшти на светот пораките од пишаните мозаици на македонското литературно творештво, од сите жанрови и од сите генерации македонски творци кои сведочат за развојните процеси на македонската литературна, културна и национална мисла, посочи министерката за култура.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега