Македонија следната недела ќе потпише договор за вклучување во Јужен тек

 Кон крајот на следната недела ќе се потпише договорот за вклучување на Македонија во гасоводот Јужен тек, најавува министерот за финансии Зоран Ставрески.

- Следната недела заедно со премиерот Никола Груевски ќе бидам во Русија. На крајот на неделата во рамките на Форумот во Санкт Петербург ќе се потпише договорот меѓу Русија и Македонија за влегување на нашата земја во Јужен тек, изјави вицепремеирот Ставрески, одговарајќи на прашање по презентацијата на проектот за задолжителна котација на Македонската берза.