Италијанската полиција откри рекордно количество фалсифукувани евро монети
Италијанските власти издадоа 12 наредби за апсење и го конфискуваа најголемото количество фалсификувани евро монети од воведувањето на единствената европска валута, пренесе ДПА.
Во контејнер во областа Кампања полицајците откриле 306.000 фалсификувани монети од едно и две евра, во вкупна вредност од 556.000 евра.
Експертите проценуваат дека монетите се високо квалитетна имитација на евромонетите и дека се произведени во Кина.
Европската комисија во јануари соопшти дека годишниот број на откриени и повлечени од промет фалсификувани евро монети не надминува 186.000 евра. Тогаш ЕК соопшти дека најфалсификувани се монетите од две евра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа