Ги расплака гостите: Еве какво изненадување му приреди Цеца на Вељко

 

Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Цеца со гламурозна журка го прослави неговиот 18-ти роденден. Цеца открила кој е всушност задолжен за организацијата на прославата како и за изненадувањето кои му го приредила на синот.

-Неодамна ги гледав снимките од кога Вељко беше мал и кажав: Боже како брзо помина. Се трудев да им пружам сѐ што можев, бидејќи пораснаа со голем хендикеп. Тие се сеќаваат на нивниот татко, но не го запознаа добро, беа мали, Вељко имаше три, а Анастасија година и половина, раскажала Цеца.

 

-Тој не се бунеше и не кажа ништо. Јас сѐ организирав од бендот до просторот, тој требаше само да ми го достави списокот на гости и тоа го направи два дена пред забавата. Ете колку се ангажираше, рекла Цеца откривајќи какво изненадување му приредила.

-Му направив мало изненадување на Вељко, тоа е филм од неговото раѓање до денес. Можам само да ви кажам колку беше емотивно, многумина плачеа, а не одевме на патетика. Беа тоа и убави и грди моменти, изјавила Цеца.

 

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега