Невреме ја погоди Калифорнија, едно лице загина
Најмалку едно лице загина во силното невреме, кое ја погоди Калифорнија, а 150 илјади домаќинства останаа без струја.
Невремето проследено со снег и ветер со јачина од 230 километри на час, го загрози авиосообраќајот, а училиштата беа затворени.
Откажани се 240 летови на Меѓународниот аеродром во Сан Франциско, додека другите се поместени.
Улици и важни сообраќајници во Сан Франциско и околината се поплавени.
Според метеоролозите ова се најголеми снежни врнежи во Калифорнија во изминатите шест години.
Оцени ја веста
12.12.2014 - 09:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа