Отворен оган кон Амбасадата на Израел во Атина

 

 

 

Непознати лица на мотоцикл синоќа отворија оган кон Амбасадата на Израел во Атина. 

Во инцидентот нема жртви, ниту ранети лица, а полицијата претпоставува дека е користен автомат Калашњиков. 

Амбасадата се наоѓа на аголот на фреквентна атинска улица и регионот околу неа е блокиран, а во тек е истрага..

Рамки за муниција се пронајдени на местото на инцидентот и тие се анализираат од полицискиот оддел за борба против тероризмот. 

Нападот се случува два дена по смртта на палестинскиот министер за време на судири на Западниот Брег. Во Грција имаше повеќе протести против политиката на Израел на Западниот Брег и во Појасот Газа.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега