Зошто јас немам момче, а многу полоши од мене веќе се омажија?

Ако сте дошле во фазата да се прашате како е можно да немате момче, а многу „полоши“ од вас веќе се омажиле, време е да се скенирате самите себе и да пронајдете причина поради која тоа е така.

  1. Не сакате да излегувате

Совршениот принц се појавува на вратата само во бајките и холивудските филмови. Во животот, мора да се потрудите и за почеток излезете од дома. Не мора да „висите“ по клубовите, одете на кино, на курс, шетајте.

  1. Вие сте центарот на светот

Во ред е да се посветите на себе и да уживате во активностите кои ве прават среќни. Но, ако тоа го правите постојано, ќе дојде до ситуација да сакате да правите работи кои само вие ги сакате и кога ќе се појави потенцијалното момче, брзо ќе ве отпише.

  1. Премногу сте зафатени

Ова е реален проблем на 21-от век и неговиот ритам не притиска. Но, ако добро се организирате и си ги подредите приоритетите, ќе сфатите дека веројатно имате многу празно време кое можете да го пренасочите кон забава.

  1. Имате превисоки стандарди

Барате партнер кој е образуван, но не мудрува, ситуиран, а без змија во паричникот, духовит, но не се шегува на ваша сметка, романтичен, но не патетичен, нежен, но и груб кога треба, и секако згоден, но да не кисне во теретана. Ако сте и вие совршени само напред.

  1. Премногу сте агресивни и нетактични

Не е проблем што ќе кажете, туку како. Ако некого само што сте го запознале, немојте вербално да го нападнете како да е во ринг, и да посака веднаш да побегне. Намалете го тонот, спуштете ја топката, а расправиите оставете ги за моментот кога ќе го запознаете подобро.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега