Мурињо: Сега сме во океан полн со ајкули

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо изрази задоволство од досегашните изданија на неговиот клуб во елитното натпреварување, а за осминафиналето рече дека без разлика кој противник да го добијат „сините“ од Лондон задачата нема да им биде лесна.

- Подисплашен сум од жрепката поради тоа што во океанот има опасни ајкули. До сега искрено не игравме против екипа која е на посебно високо ниво. Но, за следната фаза може да добиеме таков ривал. Ќе почекаме да видиме што ќе добиеме па потоа поконкретно ќе почнеме со анализите, изјави Мурињо.

Челзи групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на првата позиција во конкуренција на Шалке, Спортинг и Марибор и од позиција на носители ќе го чека својот противник во осминафиналето.

Можни противници на Челзи се второпласираните од групите со исклучок на англиските претставници Арсенал и Манчестер Сити поради правилото за избегнување на две екипи од иста држава, како и Шалке со кој беше во иста група.

Значи, тимот на Мурињо може да се сретне со: Јувентус, Базел, Баер Леверкузен, Шахтјор или Пари Сен Жермен.

Извлекувањето на двојките за 1/8финалната фаза во Лигата на шампионите ќе биде в понеделник во Нион точно на пладне. 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега