Една година слушаме во боја - Среќен роденден „Радио Слободна Македонија"

Националното радио Радио Слободна Македонија денес го прославува својот прв роденден.За само 12 месеци тимот на радиото успеа да го креира својот идентитет, да ги спои љубителите на политиката, културата, науката и забавата. Навремено известуваат за сите дневно-политички случувања, имаа гости од речиси сите професии.  Ексклузивни беа во промовирањето на македонската забавна музика, со специјални гости од македонското небо.

Курир побара коментар од директорката на РСМ, Емилија Гаврилова.

-На денешен ден пред точно 1 година Радио Слободна Македонија почна да емитува програма со што го збогати македонскиот радиски етер и етерот воопшто. Програмски ги опфативме сите сфери од општественото и културно-забавното живеење, секогаш на слушателите први им презентираме тоа што е најново и најактуелно. Секојдневно во нашата програма се застапени најпознатите личности од јавниот живот: политиката,културата и естрадата од земјава и регионот,што придонесе Радио Слободна Македонија за кратко време да стекне голем број слушатели. Во нашиот медиум се ангажирани можеби најетаблираните личности од различни сфери што дава тежина и квалитет на нашата програма.Секојдневно работиме на обогатување на програмските содржини и ветуваме дека вгодина ле бидеме уште поуспешни, истакна таа.

Во тимот на РСМ се најпознатите македонски водители и новинари: Елена и Викса, Наташа Мерсовска, Весна Бејби, Ване Маркоски, Ивце Пивце, Славица Арсова, Миленко Неделковски, Јанко Илкоски, Зоран Џорлев, Тони Михајловски и други.

Нека им е среќен роденденот!

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега