Скопјанка ја најде својата среќна детелинка - си освои 100.000 денари

Среќните четири ливчиња на Детелинката повторно радуваат.  Овојпат дама од Скопје која сакаше да остане анонимна. Таа верува во среќата и затоа редовно ги игра игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Од продажното место Саде С. во Скопје избрала 5 различни Инстант лоза. Од нив, Детелинката и донесе среќа и добивка од 100 илјади денари. Ова е нејзина втора поголема добивка, по која повторно има нови очекувања и желби за поголеми добивки.

 Од 16.10.14 на сите продажни места низ Република Македонија кои ја имаат ознаката Среќно место, може да се пронајде  новата серија на Инстант лозот Детелинка на барање на играчите.  Под мотото НАЈДИ ЈА СВОЈАТА СРЕЌНА ДЕТЕЛИНКА, повторно за истата цена, 30 денари,  на играчите, им нудиме многу забава, но и бројни можности за парични добивки од 30 до 500.000 денари. За повеќе забава, вклучени се помали добивки, кои го прават секој трет лоз добитен. Трите идентични суми и овојпат ќе бидат вашата лозинка за добивка во оваа забава игра на среќа.

 Само за потсетување лозот Детелинка  беше лансиран во декември 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари , сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет криеше добивка. Трите идентични суми во детелинката се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа. Инстант лозот ДЕТЕЛИНКА е единствена можност како за 30 денари да се добијат до 500.000 денари.

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега