Со цела логистика на СДСМ од студентите и средношколците излегоа само 2 отсто

 

Во Македонија според податоците има 60.000 студенти и 85.000 средношколци. Со целата логстика на СДСМ која денеска беше ставена нa располагање, од студентите и средношколците излегоа само 2 отсто, односно две до три илјади.

 

Сите ресурси кои СДСМ ги стави на располагање, не беа доволни за да се соберат повеќе од две до три илјди луѓе на денешниот партиски протест, кој барем на хартија, го организираше соросовиот Студентски пленум.

Од вкупно 60.000 студенти и 85.000 средношколци, на денешниот студенти амрш излегоа две до три илјади лица, односно само 2 отсто од вкупниот број. Еден протест се смета за успешен ако на него излезат најмалку половина од овој број, односно 30.000 студенти и 40-тина илјади средношколци, кои на улиците би резултирале со бројка од 70.000 луѓе. 

И покрај бројните пририсоци, студентите сепак решија да не му дадат масовна поддршка на протестот на СДСМ. Без успех помина акцијата на медиумите на СОРОС кои утрово своите новинари ги испратија пред училиштата за да вршат притисок врз средношколците да излезат на протест. 

Студентите се револтирани од обидот на СДСМ на нивниот грб да заработи политички поени. Коментираат дека секоја слободна мисла во Македонија се окупира од структурите на СДСМ и СОРОС и наместо да и се дозволи да излезе на површина експресно се злоупотребува за партиските цели на опозицијата.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега