Ѓорче Петров со кампања против употреба на пиротехнички средства

 

Општина Ѓорче Петров и годинава започна кампања против употреба на пиротехнички средства, особено петарди на нејзината територија пред новогодишните празници.

Под мотото „Стоп за петардите“ во училиштата во Ѓорче Петров ќе се делат флаери за превенција, безбедност, но и казнени одредби во случај на употреба на пиротехнички средства.                                                          

Кампањата се реализира поради зачестената употреба на пиротехнички средства пред и за време новогодишните празници од страна на граѓаните, а посебно од учениците.

Од тие причини општината ќе дистрибуира флаери за превенција во основните училишта .                          

Покрај флаерите во училиштата ќе се организираат и часови за едукација на кои ќе се зборува за начините на превенција и зголемување на безбедноста на граѓаните, но притоа ќе се запознаат и со законските прописи со цел да се намали нарушување на јавниот ред и мир.                            

Како финална активност учениците од основните училиштата ќе изведат и заедничка симулација на повреда од петарди во соработка со општината и црвениот крст.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега