Обука за невработени лица во Штип

 

Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на Општина Штип заедно со УСАИД „Мрежата ЈЕС“ денеска организираа обуки за млади невработени лица, со цел да стекнат вештини и знаење при вработување.

Марјана Трајкова од ЛЕСС на Општина Штип вели дека во обуките се вклучени млади лица до 27 години.

- Овие вештини и знања можат да им помогнат на младите при ниввното вработување и во текот на работата, изјави Трајкова.

Кире Јодранов од Советот на млади во Општина Штип потенцира дека младите лица кои се невработени ги бараат овие обуки, со цел да стекнат вештини при интерјуата.

- Најчесто за стекинување на ваквите вештини се заинтерсирани младите кои завршиле економски, правен факултет, а ги има и од техничките факултети, а се заинтересирани и младите од средните училишта, вели Јорданов.

Младите лица кои се невработени  истакнаа дека обуките им се од голема полза, во случаи кога има огласи за вработување од некои фирми во Штип. На денешната обука присуствуваа околу 20 млади невработени лица

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега