Детското одделение при велешката болница доби аспиратор за активна торакална дренажа

 

Првата донација од кампањата на „Жито Маркети“ „Навика да добивам повеќе“ што се состои од нов аспиратор за активна торакална дренажа денеска ја доби Детското одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес.

Покрај аспираторот, беа донирани и 30 постелнини и ќебиња за потребите на одделението, а 30 новогодишни пакетчиња добија децата- пациенти на лекување во ова одделение.

-Големо е значењето на оваа донација за нас. Досега поради овој недостаток на ваков аспиратор ние бевме приморани нашите пациенти со посериозни здраствени проблеми да ги испраќаме на лекување во скопските клиники, а сега ќе можеме да ги лекуваме тука во велешката боница, рече Директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес Атанас Василев на примопредавањето на донацијата 

Далибор Ѓошевски директор на „Жито Маркети“ изјави дека со донацијата во Велес нивната кампања ги дава првите видливи резултати, а истата ќе се реализира во повеќе градови во Македонија.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега