Ќе има ли воведување на нови железничи линии?

Од Македонски железници најпрво ќе ги дочекаат ветените нови возови, а дури потоа ќе размислуваат за воведување на дополнителни поаѓања меѓу градовите во земјава.

Од недела- 14 декември, стапува на сила новиот возен ред на возовите, кој е со важност до 12 декември 2015 година.

На релацијата Скопје - Гевгелија - Скопје се предвидени три пара возови дневно, со поаѓање од Скопје во 4:45, 6:20 и 16:40 часот, а од Гевгелија кон Скопје во 04:40, 16:45 и 20:15.

Општина Гевгелија реагираше до МЖ, во врска со новиот возен ред, укажувајќи дека железничката станица во Миравци е важна точка во сообраќајот во овој дел на регионот.

Пред се, имајќи предвид дека токму неа ја користат граѓани не само од Миравци и околните поблиски населени места (Давидово, Милетково и Петрово), туку и граѓани од Валандово и населените места во оваа општина (Удово, Јосифово, Пирава, Мрвинци, Балинци, Брајковци). Од тие причини, со години на назад железничката станица во Миравци фактички ја има улогата на клучка во патничкиот сообраќај за над 6.000 жители население од Гевгелиско-Валандовскиот регион кои ги користат услугите на железничкиот сообраќај.

Оттука и барањето до МЖ да не се укинуваат двете веќе постојни линии, т.е. застанување на меѓународните возови 334 и 335 (Солун-Скопје-Белград и Белград-Солун-Белград) во станицата во Миравци.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега