Зоран Матевски: Поглаварот на ИВЗ ја повампирува идејата за Голема Албанија

Исламската верска заедница станува промотор на политичките платфорими на ДУИ. Религискиот карактер на верска организација е ставен во спореден план. Универзитетскиот професор и голем познавач на верските организиации во Македонија, како и верскиот живот на христијаните и муслиманите, Зоран Матевски во интервју за Прес24, ја оценува исклучиво како политичка идејата за формиарање Албанска Православна Црвка во Македонија. ДУИ, вели професорот Матевски во спрега со ИВЗ работат како на идејата за албанизирање на исламот, така и на идејата за албанизирање на православието кај припадниците на албанската етничка група.

- Освен тоа  во своите изјави за обединување на Албанците во една држава Поглаварот на ИВЗ ја повампирува идејата за голема Албанија што е исклучително опасно за регионот во време на постконфликтен период, вели Матевски за Прес24.

Универзитескиот профсеор не е убеден дека, Албанската Православн Црква во Тирана, која е во добри релации со партиите на Албанците и во Македонија и во регионот, ќе остане воздржана, доколку приказната добие интензитет.

- И покрај коректните односи со МПЦ-ОА, претпоставувам дека синодот на Албанската Православна Црква е информиран за оваа иницијатива бидејќи како религиска организација имаат прилично блиски односи со албанските политички партии во Балканскиот регион. Сега за сега мудро молчат и чекаат да видат како ќе помине оваа иницијатива во вид на ”пробен балон” а потоа соодветно ќе реагирааат. Инаку бидете сигурни дека не постои православна црква во светот која не сака да ја прошири својата дејност  надвор од границите на својата матична држава во која дејствува, вели Матевски во интервјуто.

Според него, во Македонија не постојат прецизни податоци колку Албанци има со православна вероисповест, но обидот да се престават Шкретите како такви е небулоза.

- Шкретите се етнички Македонци кои зборуваат на албански јазик. Јазикот го смениле под притисок на одредени албански арнаутски групи кои имале силно влијание во минатото особено во регионот на Горна Река. Кога ја анализирате етничката и религиската припадност на Шкретите веднаш доаѓате до заклучок дека тие повеќе инкринираат кон МПЦ-ОА отколку кон АПЦ, вели за Прес24, Универзитетскиот професор, Зоран Матевски,

ПРЕС24: Во јавноста деновиве се отвори тема која на некој начин предиузвикува сериозни турбуленции, а тоа е тврдењето на Бранислав Синадиновски дека треба да се формира Албанска Православна Црква во Македонија со цел да се задоволат верските потреби на православните Албанци во Македонија. На почеток, како ја оценувате таквата иницијатива, со оглед на тоа дека формирање на црква не е нешто што може да го прави кој било, туку постои канонски ред за тоа?

МАТЕВСКИ: Оваа иницијатива ја оценувам како политичко, а не како религиско барање. Со сиот респект кон Бранислав Синадиновски сметам дека тој ги афирмира идеите на албанскиот политички блок во Р. Македонија. ДУИ во спрега со ИВЗ работат како на идејата за албанизирање на исламот, така и на идејата за албанизирање на православието кај припадниците на албанската етничка група. Инаку МПЦ-ОА има капацитет и воља да ги задоволи верските потреби на православните албанци преку свој свештенички кадар кој го знае албанскиот јазик.

ПРЕС24: Претпоставувам дека Албанската Православна Црква во Тирана, која има прилично добри и коректни релации со МПЦ, не би влегла во една ваква авантура и примерот на СПЦ да формира своја црква овде. Ако е тоа така, тогаш кој е мотивот да се навлегува во уривањето на интегритетот и целовитоста на МПЦ?

МАТЕВСКИ: И покрај коректните односи со МПЦ-ОА, претпоставувам дека синодот на Албанската Православна Црква е информиран за оваа иницијатива бидејќи како религиска организација имаат прилично блиски односи со албанските политички партии во Балканскиот регион. Сега за сега мудро молчат и чекаат да видат како ќе помине оваа иницијатива во вид на ”пробен балон” а потоа соодветно ќе реагирааат. Инаку бидете сигурни дека не постои православна црква во светот која не сака да ја прошири својата дејност  надвор од границите на својата матична држава во која дејствува.

ПРЕС24: Како поткрепа на таа идеја, истата личност, Синадиновски, во јавноста излезе со некакви податоци дека во Македонија живеат околу 70.000 православни Албанци, притоа карактеризирајќи ги како такви "шкретите" од реканскиот крај. Нивната реакција е дека тие најголем дел се чувствуваат како Македонци, а не Албанци?

МАТЕВСКИ: Во моментов немаме точни статистички показатели колку православни Албанци има во Македонија. Заради тоа податоците на Синадиновски се произволни и немаат статистичка поткрепа. Имаше антрополошки истражувања на реканскиот регион кои покажаа дека шкретите се присутни и доста значајни за мултиетничкиот карактер на регионот. Шкрети има и во регионот на Голо Брдо и во некои други делови на Македонија, но не го знаеме нивниот точен број. Инаку многу повеќе се чувствуваат како Македонци отколку Албанци.

ПРЕС24:  Што се всушност "шкретите"? и Колкава е реалната бројка на православни Албанци во Македонија?

МАТЕВСКИ: Тоа се етнички Македонци кои зборуваат на албански јазик. Јазикот го смениле под притисок на одредени албански арнаутски групи кои имале силно влијание во минатото особено во регионот на Горна Река. Кога ја анализирате етничката и религиската припадност на Шкретите веднаш доаѓате до заклучок дека тие повеќе инкринираат кон МПЦ-ОА отколку кон АПЦ.

ПРЕС24:  Она што треба да биде загрижувачко е што таквата идеја добива поддршка од најголемата политичка партија на Албанците во Македонија - ДУИ. Колку мешањето на политиката во религијата може да биде штетно за мулти религискиот живо во државата?

МАТЕВСКИ: Една од суштинските карактеристики на ИВЗ е што е во потполен дослух со ДУИ. Тоа во голема мера го ограничува дејсвувањето на ИВЗ во насока на религиска толеранција, бидејќи оваа религиска организација е толерантна во зависност од моментната политичка констелација во државата.

ПРЕС24: Не е симтоматично што во исти период, во разлика од само ден-два, по  пласирањето на тезата за Албанска православна црква во Македонија и за наводни 70.000 православни Албанци, Поглаварот на ИВЗ пласираше теза дека Македонците муслимани се инвитро нација?

МАТЕВСКИ: Тоа е уште еден доказ дека ИВЗ и ДУИ работат на практично имплементирање на идејата за албанизирање на религијата во Македонија. Освен тоа  во своите изјави за обединување на Албанците во една држава Поглаварот на ИВЗ ја повампирува идејата за голема Албанија што е исклучително опасно за регионот во време на постконфликтен период.

ПРЕС24: Оваа изјава на Поглаварот Сулејман Реџепи не е единствена во која тој настапува како политичар, наместо како поглавар на верска заедница. Она што е интересно е што на таквите негови настапи, ретко, или пак воопшто не реагираат албанските интелектуални кругови. Ниту пак има каква било рекација од внатрешните структури на ИВЗ?

МАТЕВСКИ: Албанските интелектуални кругови се држат на страна бидејќи едноставно не сакаат да се конфронтираат со ИВЗ, а од друга страна пак воопшто не им пречи албанизацијата на Македонската држава од етнички, културен, религиски, политички и демографски аспект.

ПРЕС24: Годинава што изминува ја карактеризираа неколку случаи со инциденти, меѓу нив беа насилните протести за случајот „Mонструм“. Ако ги земеме сите овие случувања, можеме ли да зборуваме за нарушени меѓуверски односи во Македонија. Како ги оцнеувате односите меѓу верските заедници?

МАТЕВСКИ: Односите меѓу МПЦ-ОА и ИВЗ се релативно добри, но практичното имплементирање на религиската толеранција има карактер на декларативна, дозирана и практична толеранција која во потполност зависи од општествено политичките констелации во државата.

ПРЕС24: ИВЗ постојано обвинува дека државата ја форсира МПЦ, на сметка на другите верски заедници. Колку овие тези се реалност?

МАТЕВСКИ: Форсирањето на МПЦ- ОА е повеќе од симболички карактер бидејќи во сите држави во светот се привилегира религиската организација која има најголем број на верници.

ПРЕС24: Пред неколку години постоеше едно тело чија цел беше интензивирање на дијалогот меѓу верските заедници. Веќе подолго време не функционира. Како да се врати дијалогот меѓу верските лидери во Македонија?

МАТЕВСКИ: Дијалогот не е прекинат, но би можел да се интензивира преку почести средби, тркалезни маси, форуми и конференции.

ПРЕС24: Мислите ли дека верските поглавари во Македонија ја препознаваат потребата од стабилни меѓуверски односи?

МАТЕВСКИ: Од пораките што во последно време доаѓаат од верските поглавари можеме недвосмислено да констатираме дека поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан многу повеќе го препознава значењето на меѓурелигискиот дијалог во однос на поглаварот на ИВЗ  Сулејман Реџепи за кого етноцентризмот е идеологија на новото време

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега