Битолчанец е среќниот добитник на седумка на лото

Битолчанец беше најсреќениот од исходот на извлекувањето во 95то коло на Новолото кое се емитуваше на Сител Телевизија на 26.11.14.

Тој е среќниот играч кој ја освои третата премија 7ка годинава во НОВОЛОТО на Државна лотарија на Македонија.  Среќното ливче го уплатил во уплатното место ДОЕЛ 15 во Битола.

Интересно за него е тоа што секогаш уплаќа по три ливчиња.  Самото извлекувањето кое му ја донесе оваа убава добивка, нашиот среќен добитник не го следел.

За својата добивка дознал дури по две кола, кога направил проверка дали има некаква добивка на уплатните комбинации.

Со задоволство им се радува на празниците, замислувајќи желби, кои благодарение на оваа убава добивка, ќе може да си ги реализира во текот на следната 2015.

Само за потсетување, ова е трета премија 7ка во текот на 2014. Претходно 47то коло на Новолото емитувано на 11.06.14 му донесе среќа на добитник со уплата во Скопски Хиподром, а  18тото коло емитувано на 01.03.14 од 20ч. на Сител телевизија ја донесе првата премија 7ка годинава на играч од скопската населба Чаир.

Вечерва во 20 часот на телевизија Сител заедно со прекрасната Марјана, го имате извлекувањето на најновото 99то коло во кое повторно некој од вас ќе и се радува на својата среќа. 

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега