Се разбудивме на минус еден - што ќе се случува со времето денеска?

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Претпладне во југоисточните делови од земјава ќе има услови за слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег, а во западните ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до седум степени.

Во Скопје претежно облачно, претпладне со слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно при што во југоисточните делови повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа, од петок до понеделник ќе биде стабилно и претежно сончево со ниски утрински температури.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега