СРАМОТА: Металург повторно се исплаши - само 100 влезници за навивачите на Вардар

По подолг период двата македонски ракометни гиганти, Металург и Вардар, ги вкрстуваат копјата, овој пат можеби во незгоден момент за двете екипи поради згуснатиот распоред, но нема дилеми дека повторно нѐ очекува вистински спектакл.

Металург како домаќин го пречекува Вардар во салата „Борис Трајковски“ во дуел од рамките на СЕХА лигата, а управата на клубот од Автокоманда одвои само 100 влезници за гостинските навивачи, популарните Комити, и со тоа ги прекрши правилата на СЕХА лигата, јавува СпортМедиа

Пропозициите на СЕХА лигата велат дека секој домаќин мора да одвои 10 отсто од влезниците кои се пуштени во продажба за гостинските навивачи, секако доколку постои интерес од спротивната страна, но раководството од Автокоманда на големиот ривал му стави на располгање минорен број на влезници.

Вардаровите навивачи бурно реагираа на ваквата одлука на РК Металург, но и покрај тоа најавија дека утре во голем број ќе дојдат во „Борис Трајковски“, сѐ со цел да му дадат безрезервна поддршка на својот сакан клуб.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега