Снегот прави проблеми на македонските патишта

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи  од  снег со слаб интензитет има на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир со остатоци од кашест снег на коловозот.

Поради појава на магла на патните правци Страцин – Кратово – Пробиштип  и Страцин - Куманово видливоста е намалена од 50 до 100 метри, а на планинскиот премин Стража од 30 до 40 метри, соопшти Автомото сојузот во извештајот за состојбата на патиштата во 19 часот и 30 минути.

 АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега