Стивнува ситуацијата во Турција: Демонстрантите мирно ги собраа шаторите од паркот во Анкара

 

Полицијата во Анкара успеа да ги убеди демонстрантите во паркот Кугулу да ги соберат поставените шатори, јави Анадолија.

Во Кугулу во изминатите две недели беа поставени неколку десетици шатори. Во нив беа сместени претежно студенти, кои имаа за цел да изразат солидарност со учесниците во протестите во паркот Гези во Истанбул.

Изутринава командант на полициската единица успеал во разговор со некои од демонстрантите да ги убеди мирно да ги соберат шаторите и да си заминат дома. Тој побарал да си заминат дома, без да биде принуден да употреби сила.

 

најчитано сега