Спасески: Учеството на младите во секој процес е од особено значење

Во просториите на хотелот „Стоун Бриџ“ се оддржа конференција на тема: Младински политики и учество на младите во процеси на креирање на политиките во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, а со учество на бројни младински организации од Република Македонија.

На конференцијата се обратија домашни и меѓународни екперти за младински политики меѓу кои проф. д-р Тања Каракамишева од Правен Факултет "Јустинијан Први", Јоана Косма од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Сандра Кољачкова од Фондацијата "Конрад Аденауер" и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

-За нас како институција која е одговорна за креирање на младински политики, учеството на младите во секој процес е од особено значење. Не можеме да зборуваме за младински политики, ниту пак да пристапиме кон нивно креирање и спроведување без учеството на младите, потенцираше во своето обраќање директорот Спасески.

Тој информираше дека во текот на 2015 година, Агенцијата за млади и спорт ќе биде активно вклучена и во Иницијативата за признавање на младинска работа, која започна во 2013 година, со што низ речиси двегодишната соработка и формирањето на Сојузот за младинска работа се создаде основа за подигање на квалитетот и стандардите во младинската работа, но и за пристапување кон законска легислатива која ќе биде основа за препознавање на квалитетот на младинските работници.

-Искрено сметам дека само на ваков начин, со директно вклучување на младите во процесите на креирање младински политики и носење на одлуки на секое ниво, сме на добар пат да создадеме квалитетни стратешки решенија од кои најголемата добивка ќе ја имаат токму младите, изјави Спасески потврдувајќи дека Агенцијата ќе ги поддржи процесите на креирање локални младински стратегии, но и локални младински совети во единиците на локална самоуправа.

-Досега основани се 13 ЛМС, а во фаза на основање се Локални младински совети во 42 општини.Ова е особено значајно бидејќи учеството и придонесот на младите пред сè започнува, односно треба да започнува во нивните заедници, на локално ниво, заврши Спасески.

Една од клучните активности на конференцијата ќе биде сите инволвирани страни да го искажат своето мислење за состојбите и процесите на младинската политика во нашата држава.

Како резултат на оваа конференција предвидено е изготвување на публикација со препораки за младинските политики во РМ, која би ги содржела мислењата на експерти и учесници присутни на конференцијата.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега