Обвинетите во „Детонатор“ ги негираат заканите кон судијката Димишкова

Роднините на осудените во случајот „Детонатор“, Жан Железарски и Јорданчо Михајлов, кој добија 14,6 години, односно 12,6 години затвор, тврдат дека немало никакви закани кон судијката за време на објавување напресудата. 

Имено судијката Весна Димишкова сведочеше дека во тој период добивала закани со зборовите „кога ќе излезам од затвор ќе ве исечам на парчиња“ и „ќе ви ставиме бомба и вие ќе летнете“.

Нивните семејства и роднини се огласија со соопштение, во кое тврдат дека судијката лажно сведочела под заклетва, наспроти педесеттина сведоци кои присуствувале на изрекувањето на пресудата во процесот за кој тие велат дека е монтиран и лажиран, пресуда тешка повеќе од 90 години затвор.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа