Ивановски на практичната работилница Code App Level Up 2

 

Семинар и практична работилница „Code App Level Up 2“ се одржува од 08 до 14 декември во Скопје. Ваквата работилница има за цел да понуди квалитетни обуку за студентите кои ќе се обучуваат на полето на развојот и дизајнот на мобилни апликации, како и нивно претставување на пазарот.

На ваквата работилница збор зема и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, кој во својот говор даде на значење на развојот на мобилните апликации. 

Toj ги потсети учесниците на натпреварот на можностите што ги нуди Законот за отворени податоци, со кој институциите се обврзуваат, податоците со кои што располагаат во дигитален формат да ги направат достапни за граѓаните.

-Овој процес ќе му помогне на приватниот сектор и на граѓаните, а очекуваме тоа да поттикне нови работни места и нови иновации. Најголем успех од искористувањето на овие податоци ќе имате токму вие, студентите, односно младите претприемачи. Сите оние кои ќе бидат заинтересирани да креираат апликации можат бесплатно да ги користат отворените податоци, рече Ивановски.

Тој напомена дека сериозни напори се вложени во процесот на создавање млади кадри во нашата земја, кои активно работат на полето на ИКТ технологиите и со тоа индивидуално и тимски придонесуваат за целокупниот развој на македонското општествено живеење, посебно на информатичката област. Целта е тие да останат во Македонија и да бидат ангажирани од приватниот бизнис во областа на ИКТ технологиите.

Инаку, “Code App, Level Up 2” е напредна работилница од интернационален карактер на којашто учесниците од Македонија имаат можност да остварат соработка со студенти од цела Европа и да разменат знаење и идеи. Обуките на семинарот ги спроведуваат домашни и странски експерти во повеќе области.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега