ФОТО: Кој го освои срцето на Влатко Лозановски?

 

Нашиот пејач Влатко Лозаноски обожава да биде во друштвото на оваа прекрасна бринета, а доказ за тоа се заедничките појавувања на фестивалот МАРС и ревијата на Мила Кадриу.

Изгледа дека Влатко Лозаноски конечно ги пронајде усните со вкус на мандарина, како што пее во неговиот хит „Мандарина“, бидејќи во последно време како да стана зависен од присуството на една висока згодна бринета.

Каде и да се појави пејачот под рака ја води оваа долгокоса убавица, а задоволните насмевки на нивните лица се и повеќе од забележителни.

На седмото издание на фестивалот МАРС, кој се одржа кон крајот на минатиот месец (25.11), Лозано ја освои наградата Поп хит на годината 2014 за песната „Мандарина“, а песната ја изгласаа и фановите на Фејсбук, па таа доби награда Хит по нивни избор за 2014 година.

3vl.jpg500

Парот неодамна се појави заедно и на ревијата на дизајнерката Мила Кадриу, што се одржа на втори декември во „City hall“. Како и поголемиот дел од гостите и Лозано со својата девојка со усни со вкус на мандарина позираше покрај прекрасната бела новогодишна елка.

4vl.jpg500

Извор: Вистина.мк

 

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега