Загинале веднаш откако дознале дека ќе имаат бебе, на пат кон новиот стан
Хана Сандерс и Ли Палмер загинале веднаш откако дознале дека ќе имаат бебе, на пат кон нивниот стан. 20- годишната Хана го возела своето црно „рено клио“, но само за момент изгубила контрола над воланот и влегла во лентата за спротивна насока. Директно се судрила со „тојота“.
Хана и Ли загинале на лице место, а 75 годишната жена што ја возела „тојотата“ преживеала. Несреќата се случила во април годинава.
- Трагично е што Хана и Ли никогаш не стигнаа да ни ја кажат среќната вест дека ќе имаат дете. ќе беа прекрасни родители. Беа многу вљубени. Да ги изгубат животите токму кога беа најсреќни - претешко е тоа да се искаже со зборови, вели 59 годишната мајка на Хана, Пет Сандерс.
Родителите на Хана и мајката на Ли, Медлин, дознале дека нивните деца ќе имале принова откако полицијата им дала испринтани копии од пораките кои Хана ги пратила онлајн.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа