Извештајот за мачењата на ЦИА ќе ги зголеми безбедносните ризици за американските амбасади

 

 

 Американските амбасади се подготвуваат за зголемени безбедносни ризици по повод претстојното објавување на долго очекуваниот извештај за суровите техники на испитувања, кои ги применувала ЦИА, објави денеска Белата куќа. 

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, истикна дека американската администрација „силно го поддржува“ објавувањето на извештајот на Разузнавачкиот комитет на Сенатот, што се очекува веќе со месеци, пренесоа американските медиуми.

Американскиот државен секретар Џон Кери, меѓутоа, минатата недела аапелираше до споменатиот комитет да го има во предвид „тајмингот“ на објавувањето на извештајот, во кој за првпат ќе се изнесат податоци за мачењата на притворените припадници на Ал-Каеда, кои по терористичките напади од 11 септември 2001 година се држат на тајни локации во Европа и Азија.

Во вчерашното интервју за Си-Ен-Ен, поранешниот американски претседател Џорџ Буш застана во одбрана на агентите од ЦИА, истакнувајќи дека таканаречените „унапредени техники на испитување“ (називот за мачањата) ги изведувале американски „патриоти“, преносува „Раша тудеј“.

- Среќни сме што имаме мажи и жени кои во ЦИА тешко работат за наша корист. Тоа се патриоти и без разлика што ќе каже извештајот, доколку се намали нивниот придонес за нашата земја, тоа ќе биде големо промашување, истакна Буш.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега