СЗО: Еболата однесе 6.331 живот

 

 

 

Бројот на жртвите од ебола во трите најтешко погодени земји во западна Африка - Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, е зголемен на 6.331, објави синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

Најновите податоци покажуваат дека Сиета Леоне ја надминала Либерија по бројот на жртви на ебола.

Во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне вкупно се регистрирани 17.800 заболени.

Од нив, 7.719 во Либерија и 7.798 во Сиера Леоне, додава СЗО.

Во исто време е соопштено дека ЕУ издвоила уште 61 милиони евра за да помогне на борбата против еболата.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега