Кој е полицаецот што одби мито од 1000 евра на автопатот Гевгелија - Скопје

 

Турски државјанин е обвинет за давање поткуп на македонски полицајци, откако во неделата бил фатен со фалсификувани бугарски лични документи.

О.Е. (40) е осомничен за сторено кривично дело "давање поткуп" за што од судот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Според полициската евиденција, О.Е. бил уапсен во неделата по 4 часот утрото на автопатот Е 75 на релација Гевгелија - Скопје кога полицијата го сопрела автомобилот со полски регистерски ознаки што го управувал тој. При прегледот му биле пронајдени фалсификувани бугарска лична карта и возачка дозвола со фотографија на пријавениот, а издадени на друго име.

Тогаш Турчинот на полицискиот службеник му дал 1.000 евра да не постапува службено, односно да не го приведе и да му овозможи да продолжи кон Скопје.

Полицаецот на паднал на искушението и го провел Турчинот. Од МВР не го откриваат идентитетот на македонскиот полициски службеник.

 

 

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега