Му рекле дека ќе живее уште 6 месеци- тој ги надживеал лекарите и стигнал до 102

Неверојатната приказна за еден човечки живот е само уште еден доказ дека заболените пациенти никогаш не треба да ја губат надежта и да продолжат да се борат.

Имено, кога во 1976 година докторите му дијагностицирале неизлечлив рак на белите дробови, Стаматис Мораитис се помирил со фактот дека наскоро ќе почине. Тогаш, дури девет различни доктори му потврдиле дека му останува половина година живот и дека веднаш би требало да започне со агресивен третман со хемотерапија. 

Не сакајќи да се лечи на овој начин, Стаматис ја одбил терапијата и од САД се вратил во своето родно место, на островот Икарија во Грција. Потоа, се случило нешто неверојатно!

На самиот почеток, тој бил уништен од депресијата и по цели денови лежел во кревет, додека неговата сопруга и мајка му ја презеле грижата за него. Сепак, еден ден му се повратила вербата и желбата за живот, па прифаќајќи дека ќе живее уште малку, тој одлучил последните месеци да шета, да се дружи со луѓето... Едноставно, да има активен живот. 

Во текот на следните неколку недели, тој почувствувал дека силата полека му се враќа, па еден ден дури одлучил и да ја посади својата градина, иако не очекувал дека ќе го доживее раѓањето на плодовите од засадените растенија. Сепак, тоа било добра причина да ужива под сонцето, во свежиот воздух покрај морето. 

Поминале шест месеци, но Мораитис не умрел. Наместо смрт, тој работел на земја, се будел рано и во текот на целиот ден престојувал надвор, на воздух. Самиот си подготвувал ручек од зеленчукот кој го посадил во својот двор. Навечер, тој заминувал во локалната кафеана, играјќи домино до доцна по полноќ. 

Годините поминувале, а тој се чувствувал се поздраво. По цели 30 години таков начин на живот, тој наполнил 97 години и кога сфатил дека не умрел, одлучил да замине на преглед со своите стари резултати, се со цел да провери што се случило. 

Набрзо дознал дека сите оние доктори кои што му предвиделе уште 6 месеци живот, тогаш веќе биле мртви, односно дека тој сите ги надживеал. Мораитис никогаш не заминал на хемотерапијата која што требало да му го продолжи животот, тој само се преселил на Икарија. 
Неверојатниот старец починал на возраст од 102 години, а во неговата посмртница, како причина за смртта е наведена длабоката старост, а ракот не е ниту спомнат затоа што, при последниот преглед, истиот не ни постоел. 

 

Пораката од животната приказна на Мораитис е онаа дека луѓето мора да знаат дека на болниот човек не му треба толку медицина, колку што му треба верба, волја и љубов кон природата. За здравје е неопходна регенерација на телото и духот. 

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега