Антонов: Бугарскиот грб и предлогот за нов македонски грб не се исти

Д-р Стојан Антонов, претседател на здружението на хералдичарите од Р. Бугарија потврди дека бугарскиот грб и предлогот за нов македонски грб се различни. Односно, дека не се исти- онака како што некои сакаат да прикажат. Според д-р Антонов, црвениот лав на жолта заднина бил симболот на разловечкото востание 1876 година, пренесува Република.

Тој за Република вели дека новиот предлог за државен грб на Македонија го видел на Фејбук.

Многу лавови има на Балканот и во Европа- Австрија, Унгарија, Бугарија, Македонија, па и Англија, Франција. Колку се слични а колку различни и постои ли период кога сите тие биле исти?

 Во хералдиката нема значење дали некаде го има лавот или го нема лавот. Секој еден од тие лавови е во контекст или на некоја хералдичка традиција или на историјата. Во практика, сите хералдички лавови се еднакви затоа што тоа е една фигура; една фигура за грб. Исто како што сите букви А се еднакви. Може да се малку различно нацртани, но сето тоа е буквата А. Истото е и со хералдичкиот лав. Тој како хералдичка фигура е еднаков, нема значење дали е албански, македонски, бугарски, англиски, или чешки на пример. Тоа нема големо значење. Има значење каква е бојата, но повторно- сите црвени лавови се исти и сите златни или жолти лавови се исти.

Грбот на ВМРО е златен лав на црвен штит, а предлогот за државен грб на Република Македонија е црвен лав на златен штит. Која од овие две комбинации е повеќе поврзана со македонската историја и, додатно, има ли сличности со бугарските симболи?

Не можам да зборувам ниту за македонска ниту за бугарска хералдика, пред создавањето на државите. Кога се појавуваат тие грбови, без оглед на тоа дали се златни на црвено или црвено на златно, тоа се е дело на западноевропските хералдичари. Тие грбови кои што се среќаваат во грбовниците од средновековието се од западноевропски извори. А таму се среќаваат двете варијанти. Како за Македонија, така и за Бугарија. Кога се во еден грбовник се различни- ако бугарскиот е црвен на златно, македонскиот е златен на црвено; или обратно..

Целотот интервју прочитајте тука

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега