Судот и забранил гласен секс, затоа што се жалеле соседите

 

53-годишниот Керолајн Картврајт наводно за време на секс била толку гласна, што судот во рок од четири години ѝ наложил за време на сексуалните односи да биде тивка.

Таа судска одлука стапила на сила во 2010 година и сега истекла, а Керолајн одлучила јавно да проговори против забраната која ѝ била наметната, бидејќи нејзините соседи се жалеле. Пред пресудата, полицијата токму поради оваа причина, 30 пати тропнала кај неа на врата, а врвот бил кога купила кревет со желесна потпирка, кој гласно удирал во ѕидот, па соседите од другата страна биле при крај со нервите.

„За време на секс, не ми паѓа на памет ’ох, прегласна сум, подобро да бидам потивка’. Не разбирам зошто луѓето од мене бараат да бидам потивка, бидејќи за мене тоа е нешто нормално“, вели Керолајн, која своите сексуални активности, наместо навечер и во текот на ноќта, ги префрлила наутро, за помалку да им пречи на соседите.

 

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега