Водостојот на Црна река на критично ниво

 

Последните врнежи од дожд го зголемија нивото на Црна Река на критично ниво, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола.

Од таму велат дека високиот водостој на Црна Река и влагата во почвата во Пелагонија предизвикуваат проблеми за есенската сеидба.

Сеидбата на есенските култури е запрена веќе две недели, како и жетвата на пченката во зрно. Општините каде што минува Црна река од Владата ќе бараат средства за чистење на коритото, а се размислува да се изгради и вештачко езеро кај селото Егри.

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега