Бора Чорба итно пренесен во болница
Пејачот на групата „ Рибља Чорба“, Бора Чорба веќе неколку дена се наоѓа во болница поради воспаление на плуќата. Славниот српски рокер сега добро се чуствува и овие дена би требало да биде пуштен на домашно лекување.
- Сега сум добро и наскоро ќе излезам од болница, рекол пејачот за српскиот весник „Новости.
Поради здравствените проблеми на Бора групата морала да ги откаже натспите кои им биле закажани, но штом излезе од болница и целосно оздрави, легендарниот пејач ќе продолжи со настапите.
Оцени ја веста
08.12.2014 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа