Знаци кои укажуваат дека таа е задоволна од вашите секс- вештини
На секој маж му расте егото кога е свесен за тоа дека умее да ја задоволи жената до себе. Ајде да ги разгледаме знаците кои покажуваат дека жената е задоволна од вашите секс-вештини. Доколку забележите неколку од следниве знаци, бидете сигурни дека сте вистински Дон Жуан.
Свесна е за својот сексапил
Кога жената е задоволна од сексот, тоа не може да се скрие бидејќи нејзината самодоверба е и тоа како видлива. Кога не е среќна нема ни самодоверба ни пак се чувствува сексапилна.
Големината на пенисот не е важна
Важно е како мажот го користи својот пенис, а не колку сантиметри има. Жената можете да ја задоволите на повеќе начини освен со пенетрација. Мал е бројот на сексуално исполнетите жени кои тврдат дека за уживање е пресудна големината на пенисот.
Има високо либидо
Ако сексот е добар, ќе сака уште, а ако не е, ќе нема голема желба за секс со вас. Работите се мошне едноставни.
Ужива во сексот и без оргазам
Оргазмот само за мажите е поента. Иако и жените уживаат во оргазмот исто како и мажите, тие од сексот очекуваат повеќе емотивна поврзаност за разлика од повеќето мажи. Со други зборови, да ја натерате да доживее оргазам не е пресудна работа во сексот за жените.
Кога сака секс ќе ви стави до знаење
Веќе кажавме дека жените сакаат повеќе секс ако сексот е добар. Ако има доволно самодоверба, нема да се устручува да побара уште, што е знак дека партнерот си ја завршил добро својата работа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа