Во врска сум 17 години и уште сум невина- исповед на една читателка

 
Доктор Петра Бојнтон, советник во британскиот весник „Телеграф“ неодамна добила необично писмо во кое читателката се жали дека иако живее со момчето веќе 17 години, ниту еден од нив двајца сеуште нема сексуални односи и се прашува дали некој од нив е асексуален.
 
Тие двајца живеат заедно 17 години, но и двајцата се невини. Таа за него вели дека е прекрасен и внимателен, но дека во последно време сака нешто повеќе од галење и бакнување, како што рекла, сака да види како изгледа тоа.
 
Читателката се прашува дали би требало да се обиде да му удоволи иако таа лично не сакала секс. Таа смета дека тоа би го доживеала како напад, се плаши дека ќе ја боли и не ја гледа целта во тоа, затоа што не сака деца.
 
Според Д-р Бојнтон, асексуалноста не е кога некој ќе одлучи дека не сака да има секс, туку кога некој не чувствува сексуална желба или привлечност. Некои асексуални личности може да имаат романтична врска а некои не.
 
-Нашата култура е фокусирана врз сексот на посебен начин. Ние сме научени дека сексот е основа на секоја врска. Медиумите ја создадоа сликата дека е пожелно да се води љубов во колку што е можно повеќе пози, неколку пати неделно; дека нашата врска ќе трпи доколку не практикуваме секс, дека сексот е „природен“, „здрав“ и дека е „витален“ дел од врската, вели Д-р Бојнтон.
 
Таа додава дека треба да бидеме свесни дека комерцијализираните пораки за сексот создаваат нереални сфаќања за љубовните врски.
 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега