И ставил брава меѓу нозете за да му остане верна

 
Индијски доктори едвај успеаа да спасат жена, која се обидела да се самоубие со отров, пишува „Дејли мејл“.
 
Откако докторите ја прегледале несреќницата Ситабаи Чоухан по целото тело, откриле дека се работи за жртва на злоупотреба. Нејзиниот сопруг со игла ѝ ги прободел гениталиите од двете страни и ѝ изградил брава помеѓу нозете.
 
Тоа ѝ го направил пред четири години, а бравата ја заклучувал секој ден кога одел на работа. Клучот го држел во своите чорапи.
 
Докторите ја отстранија бравата дури откако полицијата го уапсила сопругот и му го зела клучот. Неговата сопруга се уште се опоравува во болница, а изјавила дека се обидела да се убие бидејќи сопругот сакал да ја силува нивната најстара ќерка.
 
Сопругот на полицајците им објаснил дека морал да стави брава на нејзиниот женски полов орган бидејќи некои жени од неговата фамилија не биле верни.
 
Против насилникот е подигнато обвинение за малтеретирање и насилство во семејство.
 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега