И Албанија ќе ги отвора досиејата на тајните служби

Албанскикот премиер Еди Рама најави донесување закон, по итна постапка, за отворање на досиејата на тајните служби од комунистичкиот период.

Претходно тој на отворањето на антинуклеарниот бункер на диктаторот Енвер Хоџа, во присуство на американскиот и италијанскиот амбасадор во Тирана, изјави дека и Албанија време е да ги отвори ваквите досиеја.

 Неговиот предлог наиде на поддршка од страна на коалицскиот партнер, Движењето на социјалистичка интеграција на Илир Мета, кој  и претседател на албанскиот парламент.

-Го подржуваме отворањето на досиеата на соработниците на тајната служба Сигурими, но сакаме тоа да биде на начин без да и се наштети на безбедноста на државата, - изјави Мета.

Опозициската Демократска партија преку пратеникот Едуард Халими, се произнесе против оторањето на досиејата. Според него премиерот Рама треба да ги отвори досиејата за корупција.

-Нема потреба од отворање на досиеата на Енвер, бидејќи Албанците немаат потреба од тоа. Го слушнавме Рама дека е ги отворел досиеата од комунизмот.Но граѓаните знаат, не се наивни, дека тој тоа го прави за да го сврти вниманието од мизеријата во која  ја втурна земјата, - изјави Халими.

И додека власта и опозицијата ги кажуваат нивните спротивствани ставови околу ова прашање, поранешниот прв разузнавач, Фатос Кљоси излезе со децидна изјава дека поголемиот дел од досиеата се уништени.

-Досиеата нека се отворат, но поголемиот дел од нив се уништени, се изгорени.Сметам дека треба да се отворат досиејата за кои постои интерес а не сите. Тоа би било најдобро, зашто има државни нешта не треба да излезат во јавноста, - изјави Кљоси за тиранската телевизија „А1 Репорт“.

И ставот на граѓаните е поделен едни сметаат дека тоа веќе не е потребно а други дека е добро да излезат на виделина кодошите.

Според писателот Висар Жити, дури треба да се каже и името на оној на кој кодошот му помагал.

Човекот кој долги години бара отворање на досиеата е познатиот писател и аналитичар Фатос Љубоња,кој на 23-годишна вораст бил во затвор, каде останал 17 години, без да да ја знае причината за тоа. Во една прилика тој рече  дека неговото општество треба да признае што се случило во времето на комунизмот, со цел да го разбере она што се случува денес. „Режимот беше како лудачка кошула што ги обликуваше луѓето”, вели тој.  

Од стотици илјади досиеа собрани во текот на над 45-годишната диктатура, официјални лица проценуваат дека само околу 14.000 останале непроменети. Некои се изгубени. Други биле намерно уништени од страна на поранешните комунисти

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега