Абазовски: Барокното опкружување е “виновно“ за новиот изглед на ГТЦ

Директорот на Градскиот трговски центар, Аго Абазовски за порталот Фактор зборува за одлуката ГТЦ да добие барокна фасада.

Асосијацијата на архитекти на Македонија на вчерашната средба го известила раководството на ГТЦ за протестите кои ги најавија за во петок. Абазовски за Фактор вели дека компанијата нема да се противи на активноститe на Асоцијата и објаснува зошто е одбрано барокното решение. 

Абазовски за Фактор информира дека иако бил член во Комисијата за избор, тој не одлучувал кое решение ќе биде одбрано.

- Точно, досега се поништуваа неколку конкурси но, основано, бидејќи имаа технички недостатоци. На последниот конкурс имаше две идејни решенија, едното беше со барокни елементи т.е она кое се прифати, а дургото беше класицизам но имаше некои недостатоци. Образложението за изборот на идејното решение, во голем дел лежи во опкружувањето, вели Абазовски за порталот Фактор.

Извор: Фактор

најчитано сега