Куче-херој: Спасил бебе фрлено во депонија

 

Тајландско куче може да се прогласи за вистински херој откако го спасил животот на новороденче кое несовесната и монструозна мајка го фрлила во депонија. Кучето ја пронашло кесата во која било ставено бебето па ја земало и ја носело низ градот до куќата на сопствениците.

Девојката која е сопственик на кучето вели дека била шокирана кога видела што тоа носи во устата. 

- Пристигна на терасата и почна необично да лае по мене. Се симнав и видов дека носи нешто во кеса. Кога ја отворив се шокирав. Веднаш ја викнав мајка ми и го однесовме малото бебе во болница. 

Девојката за подвигот на своето куче добила награда од околу 250 евра.

Бебето моментално се опоравува во болница и состојбата му е подобра.

најчитано сега