Го прославиле роденденот на нивниот другар, па заминале во смрт

Срѓан В. (22), Михајло Ш. (23) и Немања Г. (22), се тројцата момчиња кои во 1 часот по полноќ, денеска загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Нови Сад - Бачка Паланка откако излетале од него и се забиле во бетонски електричен столб.

 Според сознанијата на српските медиуми, возачот на автомобилот марка Опел Вектра на една блага кривина изгубил контрола над возилото по што завршиле во столб. Дека станувало збор за силен удар, може да се види по тоа што дебелиот електричен столб е скоро откорнат од земја. Како што дознава Ало.рс, момчињата се враќале од роденденот на Михајло кој самошто наполнил 23 години.

Бетонската бендера е целата со крв, а секаде околу неа има расфрлени работи на момчињата како патики, алишта и делови од автомобилот.

 

 

Оцени ја веста

06.12.2014 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега