Почина владиката Кирил
Ноќеска, на 79 годишна возраст починал полошко-кумановскиот владика Кирил.
Владиката Кирил е роден на 23. јуни 1934 година во преспанското село Царев Двор. Тој завршил средно богословско училиште во Призрен. Кирил се замонашил на 30 годишна возраст во манастирот Свети Причеста во Кичево. Тој до 1965 година работел како службеник во архиепископијат и потоа се запишал на Московската духовна академија на Руската православна црква. До 1967 година , Кирил завршил прв степен на студиите во Московската духовна aкадемија во Загорск.
Тој бил повикан во Македонија со недовршен факултет. На 5. јули 1967 година Кирил бил избран за викарен епископ на МПЦ, со титула Тивериополски. Наречението било извршено на 11 јули истата година вп соборниот храм "Свети Димитриј" во Скопје/
Две години подоцна Кирил заминал во Торонто, Канада,за да ја организира прекуокеанската епархија. Тој до 1982 година раководел со Австралиската епархија, која во 1974 година била одвоена од Американско-канадската епархија. Од 1971 до 1978 година администрирал и со Полошко-кумановската епархија. За Полошкп - кумановски митрополит бил назначен во1987 година.
Владиката Кирил е коавтор на монографијата "Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим", Скопје, 1979 година.
Владиката е прогласен е за почесен граѓанин во повеќе од 15 градови во Америка и Канада, како и во неколку градови во Австралија. Тој е добитник на Орден заслуги за народ и многу други признанија и плакети.
ФОТО: Курир