Николиќ: Ќе бараат да го признаеме Косово за членство во ЕУ

Апсолутно сум сигурен дека ќе се најдеме пред избор или Косово или Европа и на тоа треба да сме подготвени, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ.

- Брисел ќе не соочи со признавање на Косово и треба да сме подготвени на тоа. Затоа треба што побрзо да постигнеме национален консензус и веќе е време да разговарам со премиерот Вучиќ, истакна Николиќ во интервју за весникот „Вечерње новости“.

Запрашан дали би предводел држава која ќе се откаже од Косово поради членство во ЕУ, тој одговорил дека не би учествувал ниту во Влада која би ја признала независноста на Косово и „која би мерела дали ќе добиеме повеќе евра ако се откажеме од него“.

Николиќ додаде дека меѓу луѓето кои имаат некакво значење во српската политика не гледа ниту еден кој би се откажал од Косово и „од се она што не прави Срби“.

 

 

 

Оцени ја веста

06.12.2014 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега