Ердоган утре ќе разговара со организаторите на протестите

 

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган утре ќе седне да разговара со организаторите на протестите во Турција кои траат веќе подолг период.

- Водачите на протестите го повикаа премиерот и тој се согласи да се сретне со нив. Тие ќе ја разгледаат ситуацијата, а премиерот ќе ги сослуша што имаат да кажат, изјавил заменикот на Ердоган,  Булент Аринч.

Инаку, Ердоган на маса ќе седне со „Платформа за солидарност на Таксим“, активистите за спас на паркот Гези во Истaнбул.

најчитано сега