Лустриран екс новинар на „Нова Македонија“
Екс новинар на весникот Нова Македонија, кој бил кандидат за пратеник на параламентарните избори во 2011 година, е прогласен за соработник на тајните служби, објавува Канал 5.
Пред парламентарните избори во 2011 новинарот добил потврда дека не е соработник на тајните служби, но, објаснуваат од Комисијата за верификација на факти, потоа биле откриени нови докази кои ќе го изменат решението и новинарот ќе биде прогласен за соработник на тајните служни. Новинарот, по ваквата одлука на Комисијата, нема да смее да се занимава со било каква јавна функција.
Се работи за новинар кој соработувал со службите во периодот од 1968 година до почетокот на 80-ите години, објавува Канал 5. Тој соработувал на линија на сепаратизам и национализам.