Американецот кој ја оддаде тајната за прислушувањето е во бегство
Американецот Едвард Сноудин, кој ги провали деталите за тајното надгледување и прислушување на телефоните и на интернет мрежата,од американските безбедносни служби,исчезна од хотелот во Хонг Конг,каде престојуваше по бегството од САД.
Лондонски „Тајмс“ претходно објави дека „претставник на хонгконшките власти го советувал Американецот да го напушти Хонг Конг. Бирото на дирекори на државното разузнавање на САД соопшти дека целиот случај е пријавен кај американското Министерство за правда,како „криминал“.
Сноудин,поранешен техничар во ЦИА, сега вработен во фирмата „Буз АленХамилтон“ која има договор со Националната агенција за безбедност (НСА),самиот се пријави дека тој е човекот што ја провали американската „супер тајна“,откако побара да зборува во интервју за лондонски „Гардијан“.