Шешељ бара исплата на инвалидска пензија

Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ побара од Босна и Херцеговина да му обезбеди исплата на пензија врз основа на инвалидитет.

 

Шешељ во '80-те години од минатиот век бил вработен како асистен на Факултетот за политички науки во Сараево.

 

Поради националистичко дејствување добил отказ и се преселил во Белград, продолжувајќи ја политичката кариера во Србија.

Врз основа на на предвоен работен стаж, остварен во БиХ Шешељ и поднел барање за инвалидска пензија, а наодот е потпишан од лекарите испратени од Белград во Хаг за да ја утврдат неговата здравствена состојба.

 

Дијагнозата е потврдена и од Институтот за медицински вештачења во БиХ, иако хашкиот обвинет не го ни виделе, наведува весникот.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега